Долгоочекуваниот модел на Volkswagen - Golf 7, седмата генерација и луксузното возило од гамата на Audi - Audi А3 сега се достапни и на македонскиот пазар преку генералниот импортер Порше Македонија. Новиот Golf 7 е најлесната и најекономичната верзија од Golf понудена некогаш. Голфот е врвно возило со атрактивен изглед и нов редизајниран имиџ, опремен со карактеристики за подобрена удобност и безбедност, како и со унапредени системи за забава. Со должина од 4.255 мм, ширина од 1.799мм, како и меѓуоскино растојание од 2.637 мм, Golf 7 е подолг и поширок од својот претходник, покомфорен, побезбеден и позабавен за возење. Kапацитетот на багажникот е зголемен од 350 на 380 литри, а со новите надворешни димензии, сега и внатрешноста нуди завиден комфор со 15 мм повеќе простор за нозете на патниците назад, како и повеќе простор за рамената - 931 мм напред и 30 мм назад.
Долгоочекуваниот модел на Volkswagen - Golf 7, седмата генерација и луксузното возило од гамата на Audi - Audi А3 сега се достапни и на македонскиот пазар преку генералниот импортер Порше Македонија.
Новиот Golf 7 е најлесната и најекономичната верзија од Golf понудена некогаш. Голфот е врвно возило со атрактивен изглед и нов редизајниран имиџ, опремен со карактеристики за подобрена удобност и безбедност, како и со унапредени системи за забава.
Со должина од 4.255 мм, ширина од 1.799мм, како и меѓуоскино растојание од 2.637 мм, Golf 7 е подолг и поширок од својот претходник, покомфорен, побезбеден и позабавен за возење.
Kапацитетот на багажникот е зголемен од 350 на 380 литри, а со новите надворешни димензии, сега и внатрешноста нуди завиден комфор со 15 мм повеќе простор за нозете на патниците назад, како и повеќе простор за рамената - 931 мм напред и 30 мм назад.
Автомобилот импресионира со богат и елегантен ентериер, комфорни седишта кои нудат завиден простор за патниците и уживање во возењето. Golf 7 се одликува со елегантен дизајн, ергономија и беспрекорна изработка.
Kупувачите, меѓу другото, во пакетот на опрема ќе може да добијат и адаптивен темпомат, систем кој го предвидува судирот и ги затегнува ремените и ги затвора прозорците, систем што го предупредува возачот дека ја сменил лентата во која дотогаш возел, систем за препознавање на сообраќајните знаци, како и систем на автоматско запирање во град (при брзини до 30 км/ч).
Новиот Golf е заснован на потполно новата и долго најавувана платформа Modular Transverse Matrix, која на групацијата Volkswagen и носи нови заштеди и сите предности на модуларната изградба на автомобили. Благодарение на употребата на челик со висока цврстина, вкупната тежина на Golf 7 е намалена за дури 100 килограми во однос на претходникот, додека потрошувачката на гориво е намалена за 13,9 % во просек, додека некои верзии се поекономични и за 23 %.
Новиот Volkswagen Golf 7 се нуди во две дизел и две бензински опции. Така, може да се избира меѓу 1,2 литарски бензински „TSI" мотор од 84 КС, како и 1,4 литарски „ТSI" мотор со 138 КС со технологија за деактивација на два цилиндри.
Потрошувачката и кај двата агрегати изнесува 4,9 односно 4,8 литри на 100 километри. Понудата на дизел моторите ја сочинуваат 1,6 литарски мотор со 104 КС (3,8 литри на сто километри) и 2 литарски со 148 коња (4,1 литри на сто километри. Најекономичниот модел е „Golf BlueMotion", со комбинирана потрошувачка со 3,2 литри на сто километри и емисија на јаглерод диоксид од само 85 грами на километар.
Во склад со бренд филозофијата на Audi - „Vorsprung durch Technik " (Водени од технологијата), Audi А3 е врвен модел со ултрамодерен дизајн, одлична моќност, удобност и импресивна стабилност.
А3 е синоним за иновативна технологија и бескомпромисна перфекција во деталите. Ултра лесната технологија на Audi овозможи да се намали тежината на атрактивниот автомобил - во споредба со претходникот, новиот А3 е 80 килограми полесен.
Надворешниот дизајн најмногу е впечатлив со предниот браник и маската на моторот коишто се изработени од алуминиум, додека трупот на автомобилот исто така, во голем дел е изработен од цврст отпорен челик. Внатрешноста, пак, привлекува со комплетниот редизајн на ентериерот, тренди материјалите на седиштата и вратите, а се со цел зголемување на чувството на квалитет на возилата и покомфорен престој во него.
Моторите се моќни, истовремено многу ефикасни, додека внатрешностануди чувство на динамичност. Во однос на помошните возачки системи и имиџот, новиот Audi А3 нуди технологии кои ги редефинираат постоечките стандарди.
Стајлингот на автомобилот ги потенцира спортскиот карактер и моќноста на новиот А3, долг 4,24 метри. Во областа на имиџот, Audi А3 е надополнет со многу нови стилски додатоци. Тоа го вклучува аудио системот Bang & Olufsen плус MMI навигација. Тие се идеално надополнети од страна на Bluetooth online car phone со WLAN. Тој им овозможува на патниците пристап до интернет додека патуваат; а за возачот, таму се прилагодени онлајн услугите кои го сочинуваат Ауди поврзувачкиот пакет.
Друга технолошка област во која новиот Audi А3 ја докажува својата супериорност се високите перформанси на помошните возачки системи. Тие се движат од radar-assisted adaptive cruise control до Audi side assist, Audi active lane assist, детекција на сообраќајни знаци, помош при паркирање и на Audi основниот безбедносен систем.
А3 се нуди со два TFSI мотори (1.4-литарски со 121КС и 1.8-литарски со 178КС) како и 2.0 TDI со 141КС. Помоќниот бензински мотор забрзува од 0 до 100 km/h за 7.2 секунди, а се добива со седум степен автоматски менувач, S-Tronic со двојна спојка. Останатите понуди се со шест степен мануелен менувач. Одлична вест претставува и фактот што Audi ја намали потрошувачката на гориво за околу 12 проценти во однос на претходниот модел.
Потврда за високиот квалитет и импресивната технологија на возилото се и престижните награди „Златен Волан" и „наградата за најдобар германски дизајн за 2013 година" кои ги освои Audi за новиот Audi А3. Во име на Audi пред 300 важни гости од областа на бизнисот, политиката и медиумите во Берлин, Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на AUDI групацијата ја прими најважната европска автомобилска награда- „Златен волан" .
Моделот со средна големина, кој се произведува во Инголштад и го следи принципот на лесна конструкција, ги освои симпатиите на жирито, според кои кои моделот е на врвот во својата категоријата. Ова е 22 награда „Златен волан" за Audi.
Audi А3 ја освои и најпрестижната награда за дизајн во Германија во категоријата "Транспорт и јавен простор". Комисијата беше особено импресионирана од непретенциозниот дизајнерски стил, кој користи неколку, но многу конкретни и прецизни линии. Audi ја протежира оваа дизајнерска филозофија која е свртена кон иднината.